Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на Милан планирал да го ангажира Ѓоковиќ и да му додели оригинална улога

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ е најголем грен слем шампион и за многумина е најдобар тенисер на сите времиња, но наспроти сите играчки квалитети кои ги поседува, ако треба да се бира една особина која го отсликува, тоа е психолошката стабилност.

Ноле во безброј наврати покажал дека е „психолошки џин“ и се враќал од невозможни позиции за да добие „загубен меч“, а токму оваа негова предност го натерала првиот човек на Милан да размислува на сезнационално решение.

Како што јавува угледната „Ла Република“, Гери Кардинале сакал да го ангажира светскиот рекет број еден и да го придодаде како клучен советник во првиот тим на Милан пред три месеци, со цел да има повремени обврски со фудбалерите кои се мачат во одредени периоди од сезоната.

Првиот човек на Милан сакал да го добие најдобриот светски тенисер поради неговата ментална сила и да му додели и тренерски и советнички задачи на психолошки план, нешто што сепак сфатил дека е невозможно во оваа фаза од кариерата на Србинот.

Новак се уште е активен и ги брка најголемите трофеи на најзначајните турнири, но „Ла Република“ не отрфрла Кардинале да се врати со оваа идеја кога Ѓоковиќ би се повлекол од професионалното играње тенис.

За оние што не знаат, Србинот е страствен фан на Милан и во неколку наврати беше забележанува на „Сан Сиро“, па затоа се верува дека би можел да одговори позитивно на повикот од Кардинале кои би се случил во иднина.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни