Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на Милан ја објасни новата улога на Ибрахимовиќ во клубот

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ се врати Милан неколку месеци откако ја заврши фудбалската кариера, но неговиот камбек беше помалку нејасен поради шпекулациите за функцијата и овластувањата кои ги има во првиот тим.

Медиумите шпекулираа за улогата на Швеѓанецот уште од неговото назначување, а првиот човек, Џери Кардинале, конечно дал повеќе детали за ова прашање.

– Ибрахимовиќ е мој личен претставник во Милан, има овластување да биде мојот глас во соблекувалната, пред фудбалерите и пред стручниот штаб.

– Бев навистина заинтригиран откако го сретнав Златан, тој е одличен тимски играч и ако ја пренесете оваа енергија во бизнисот, можете да стигнете до одлични резултати.

– Кога се купува клуб, вообичаено се користат информации на различни консултанти, но кој ги познава Милан и европскиот фудбал подобро од Златан? Имаме историја за вакви успешни соработки со имиња како Двејн „Рок“ Џонсон и ЛеБрон Џејмс, во Златан го гледам истото, – рекол Кардинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни