Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на Милан: Добивав смртни закани по продажбата на Тонали

Објавено

на

Милан е еден од најголемите италијански и светски клубови, па навивачите секогаш сакаат да го гледаат клубот на највисоко ниво, да биде конкурентен за пехари и заедно да се радуваат на успеси.

„Росонерите“ пред некоја година дојдоа до Скудетото, ама тоа дефинитивно е премалку за клуб од таков калибар и навивачите не се задоволни од сегашната управа, луѓето кои го водат тимот на чело со Гери Кадринале.

Сакаат повеќе вложувања, сакаат Милан да биде моќен фудбалски колектив, но за тоа се потребно финансии, инвестиции.

-Кога го купивме Милан, ме велеа дека сум луд, но нашето управување е беше внимателно водено. Многу инвеститори ги ставаат трофеите пред сè друго, што доведува до грешки и неодржливо трошење за купување ѕвезди. Тоа е најлошото нешто што можете да го направите како инвеститор. Освојувањето на Серија А секако е наша цел, но мораме да имаме одредена рамнотежа. Интер минатата сезона го освои Скудетото и заврши во минус. Дали е тоа она што го сакате? Разбирам дека навивачите сакаат да ја освојуваат титулата секоја година, но мојата заложба е дека Милан секоја година да се бори за Серија А и Лигата на шампионите, -рече Кардинале кој отворено говореше и за продажбата на Сандро Тонали во Њукасл.

-Парите не ни беа неопходни, но тоа беше извонредна понуда. Добивме 70 милиони евра, плус 10 милиони бонуси, што е најголемата продажба во историјата на Серија А. Благодарение на тоа доведовме шест играчи и комплетно го обновивме тимот. Тоа беше деловна можност што ја искористивме. Во деновите потоа добив смртни закани, но да се продаде играч за 70 милиони е многу добро и мораме да внимаваме на финансискиот аспект, -рече претседателот на Милан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни