Шпанија
Првиот човек на Ла Лига го потврди трансферот на Мбапе: На Перез му давам „десетка“ како управител на клуб, но „нула“ како…

Килијан Мабпе го извести ПСЖ дека си заминува на крајот од сезоната и автоматски стави до знаење дека ќе направи голем трансфер претстојново лето, а се поверојатно е дека тоа ќе биде премин во Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ го имаше договорено Французинот уште пред две години и тогаш самиот напаѓач беше тој кој се повлече во последен момент, но сега се чини дека се е договорено и всушност пренесено е дека Мбапе веќе ставил потпис на договор со „кралскиот клуб“.
Оваа инфоромација денеска ја потврди и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој обидувајќи се да ја образложи добрата финансиска состојба на Реал Мадрид, не пропушти шанса да испорача и една голема забелешка за Флорентино Перез.
– Јас ги гледам состојбите и буџетот на сите клубови во Шпанија и од тоа што го гледам, Реал Мадрид е во оптимална финансиска ситуација и може да донесе нови фудбалери. Мора да се признае дека клубот правилно се управува во последните неколку години, финасиската состојба е извонредна и покрај нашата финасиска контрола. Работат добро низ годините, но и за време на пандемијата. На Флорентино Перез му давам чиста „десетка“ како управител на Реал Мадрид, но му давам „нула“ како управител на натпреварувања како Суперлигата. Му давам „нула“ за тоа како се однесува кон Ла Лига и за обидот да ја пласира Суперлигата.
– Мбапе? Добро познати извори ме уверија дека веќе потпишал за Реал Мадрид. Тоа се извори кои обично имаат информации од претседателот на Реал Мадрид и јас верувам во тоа. Тие се како портпароли на Перез и ако тие го велат тоа, тогаш Мбапе 99,99 проценти ќе пристигне во Реал, – изјавил денеска Тебас.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити