Поврзете се со нас

Англија

Првиот човек на Кристал Палас шокиран од стартот во ФА Купот: Му го загрози животот на Матета (Видео)

Објавено

на

Кристал Палас си ја заврши задачата и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, но луѓето од домашниот табор останаа огорчени од потег на противнички фудбалер на Милвол.

Гостите дојдоа со сериозна намера да се бранат на „Селхрст парк“, меѓутоа работите станаа значително потешки за нив откако голманот Лајам Робертс заработи директен црвен картон за непромислен старт за во затвор.

Чуварот на мрежата на Милвол со отворена копачка го удри Жан-Филип Матета во пределот на главата, старт поради кој играчот на Кристал Палас доби неколкуминутна лекарска помош, пред да биде испратен во болница.

Иако вестите од болницата во Лондон се позитивни за играчот на Кристал Палас, првиот човек на клубот не пропушти шанса да го нападне Робертс, за кого вели дека денеска му го загрозил животот на Матета на фудбалскиот терен.

– Матета заврши во болница поради ударот во главата и сите се надеваме на најдоброто. Знам дека има многу емоции кога се изглегува на фудбалски терен, но мора да обрнеме внимание и да зборуваме за тој старт. Во целиот мој живот како фудбалски фан, не сум видел толку лош старт.

– Видов колку години има нивниот голман, станува збор за 30-годишен искусен професионалец. Тоа е најневнимателниот старт кој сум го видел на фудбалски терен и мора да се погледне во огледало. Денеска му ја загрози професионалната кариера, а можеби и животот на Матета, – изјави Стив Периш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни