Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на италијанскиот фудбал: Роналдо не испадна добра операција за Јувентус

Објавено

на

Криситјано Роналдо изминатово лето го напушти Јувентус по три години минати во Торино, период во кој постигна 101 гол на 134 одиграни натпревари за „старата дама“.

Португалецот освои пет титули како член на „бјанконерите“ и на двапати го подигна трофејот во Серија А, но откако Јувентус за првпат после девет години не славеше во домашното првенство изминатата сезона, дојде и до разделба меѓу двете страни.

Три години по фамозниот трансфер вреден 110 милиони евра, Јувентус го продаде Роналдо на Манчестер Јунајтед за сума која треба да надмине 20 милиони евра, а кога цела оваа епизода е завршена, со свое резиме се јави и првиот човек на италијанскиот фудбал.

Габриеле Гравина како претседател на италијанскиот фудбалски сојуз беше многу гласен во периодот на пандемијата со коронавирусот, а во последното интервју за „Калчомеркато“ посочи дека Јувентус немал голема корист од португалската ѕвезда.

– Според моето гледиште, Роналдо не беше добар потег на Јувентус. Мојата филозофија на сфаќање е таква. Роналдо беше добар за италијанскиот фудбал, но сметам дека не испадна позитивна операција за Јувентус со оглед на големите очекувања, – вели Гравина, кој дава свој осврт и за новата сезона во Серија А.

– За актуелната натпреварувачка сезона, нависитна силни ги гледам Наполи и двата клуба од Милано. Сепак, во фудбалот секогаш постојат изненадувања и сигурен сум дека не очекува возбудлив тек на сезоната, – додава претседателот на италијанскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни