Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на италијанскиот фудбал му ја одреди судбината на Спалети

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Катастрофалното издание на Италија против Швајцарија предизвика голем револт на Апенините, а после фијаското за „аѕурите“ кои беа бранители за титулата, уште денеска мораше да се огласува првиот човек на Федерацијата.

Десет месеци откако го презема националниот тим, Лучано Спалети се соочува со првиот пожесток притисок од јавноста, па бидејќи имаше и такви кои бараа негова одговорност за неуспехот, Габриеле Гравина реши да ги смирува страстите.

Медиумите имаат голееми забешки за изборот на играчи и тактичките замисли на Спалети на турнирот во Германија, но првиот човек на италијанскиот фудбал смета дека селекцијата би западнала во уште поголема криза доколку се растури актуелниот проект.

– Нема од што да се срамиме и да се криеме, но мора да продолжиме да преземаме одговорност. Имав долг разговор со тренерот вчера и сметам дека несфатливоо би било да го решиме проблемот со растурање на овој проект. Почнавме пред девет или десет месеци, нелогично би било да го завршиме сега.

– Централна фигура во нашиот проект е селекторот Спалети, кој е дел од тимот околу 10 месеци. Нашата доверба останува иста и ќе имаме нов предизвик за два месеци. Сите сме одговорни, но мора да продолжиме. Ние веруваме во проектот на Спалети, – изјави Гравина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни