Лига на шампиони
Првиот човек на Интер: Му покажавме на Сити колку сме силни

Интер ги надмина очекувањата на сите неутрални фудбалски експерти и се прикажа во извонредно светло во финалето во Истанбул, но сепак остана пократок во дуелот со Манчестер Сити и не стигна до четврта европска титула.
Тимот на Симоне Инѕаги не беше луциден во клучните моменти од натпреварот и не ги искористи своите шанси, но дефинитивно најголема беше онаа на Ромелу Лукаку во 88-та минута.
По добриот скок на Госенс и проигрувањето со глава, Лукаку непречен од никого можеше да ја смести топката во голот, но го погоди само Едерсон и ја упропасти златната шанса во финалето.
Играчите и навивачите на Интер со солзи во очите го завршија финалето во Истанбул, па затоа по натпреварот пристигна поддршка од претседателот Стивен Жанг.
– Прво и основно, сакам да му честитам на Манчестер Сити, тие имаа неверојатна сезона. Истовремено, сакам да истакнам дека не можам да бидам погорд на овие играчи, на тренерот и стручниот штаб. Вечерва со овие перформанси, му покажавме на Сити колку сме силни, но покажавме и на цел свет. Пред натпреварот, сите не посочуваа како аутсајдери, но во финалето покажавме дека сме многу силни и дека се натпреваруваме на највисоко ниво. Не можам да бидам погорд на оваа група.
– Оваа сезона е добар патоказ за нас, секогаш има простор за напредок. Оваа сезона ни покажува дека треба да продолжиме напорно да работиме. Горди сме на сите кои се дел од Интер, – изјави Жанг.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 24 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 18 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)