Поврзете се со нас

Балкан

Првиот човек на хрватскиот фудбал ја откри конечната одлука за Далиќ

Објавено

на

foto: x.com/HNS_CFF

Златко Далиќ се најде на удар од хрватските медиуми за елиминацијата во првата фаза на Европското првенство, а уште поболен за сите беше начинот на кој „коцкестите“ испаднаа од турнирот во Германија.

Хрватска со една нога беше во нокаут фазата до самата завршница од мечот со Италија, но на крајот прими гол во 98-та минута и со тоа си ги урна надежите за пласман во осминафиналето.

Со оглед на последните резултати на големите турнири, ова беше доживеано како големо разочарување во Хрватска, па иако во прашање се доведе работата на Далиќ, Федерацијата сега и дефинитивно застана зад актуелниот селектор.

– Златко Далиќ е нашиото селектор и ќе остане селектор на хрватската репрезентација. Разговаравме по Европското првенство и си подадовме рака. Можам ексклузивно да ви откријам дека тој останува, – изјавил Маријан Кустиќ, првиот човек на Федерацијата.

– Модриќ? Се надевам дека и тој ќе продолжи да игра, се надевам дека ќе ја носи капитенската лента во Лигата на нации и на следното Светско првенство, – додал Кустиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни