Поврзете се со нас

Франција

Првиот човек на францускиот фудбал откри дека Мбапе сакал да ја напушти селекцијата, Килијан излезе со објаснување (Фото)

Објавено

на

Килијан Мбапе не престанува да биде топ тема во француската спортска јавност, овојпат поради последната изјава на првиот човек на Француската Фудбалската Федерација.

Ноел Ле Грае во интервјуто за „Journal du Dimanche“ и откри на јавноста дека ѕвездата на ПСЖ сакала да ја напушти фудбалската репрезентација на Франција по големото разочарување на Европското првенство, но неговото тврдење и откривањето на причината е спротивно од она што го вели Мбапе.

Претседателот на Федерацијата обелодени дека Мбапе сакал да ја напушти селекцијата поради тоа што не добил доволно поддршка од водечките луѓе по промашениот пенал против Швајцарија на Европското првенство (кој значеше елиминација), но Мбапе експресно се јави и порача дека не станувало збор за тоа, туку за расистички причини.

– Го примив Мбапе во мојата канцеларија по Европското првенство и тој ми нагласи дека не почувствувал одбрана од страна на Федерацијата и јавноста по промашениот пенал и критиките на социјалните мрежи. Имавме петминутна средба, беше лут и не сакаше да игра за Франција. Јас не го поддржав тоа, бидејќи беше бесен. Тој е роден победник, беше многу фрустриран од елиминацијата и потоа повторно играше. Тој е фантастично момче, многу подобро од тоа што се мисли, – гласи изјавата на Ле Грае, која беше експресно поправена од Мбапе.

– Пред се добро му објаснив дека мојата одлука се однесува на расизмот, а не на пеналот. Но, тој сметаше дека не постои расизам…., – возврати Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни