Поврзете се со нас

Франција

Првиот човек на францускиот фудбал ја соопшти одлуката за Дешамп

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Дидие Дешамп ја „префрли топката“ и им порача на новинарите да бараат одговор на друго место кога е во прашање неговата иднина, откако дел од француските медиуми почнаа да заклучуваат дека националниот тим се прикажал во ужасно издание на Европското првенство.

И покрај играњето во полуфиналето, Французите се разочарани и незадоволни од квалитетот на игра кој го понудија избраниците на Дешамп, но неполни 24 часа по одиграниот меч на „Алијанц арена“, пристигна одговор од човекот кој е одговорен за најважните прашања во францускиот фудбал.

Претседателот на Федерацијата соопшти дека Дешамп останува предводник на проектот на „триколорите“, а следна голема цел ќе биде Светското првенство кое се игра за две години.

– Резултатите кои ги остваривм одат на страна на Дешамп и целите се прилично оставрени. Дидие ќе ја продолжи својата мисија како француски селектор. Ќе се сретеме наредните неколку дена и поопсежно ќе воочиме што ни недостасуваше во полуфиналето, со јасна цел да ги поправиме работите за во иднина.

– За време на овој изминат месец, видов голема професионалност и совршеност од играчите и стручниот штаб. Францускиот тим мора да продолжи во ист правец и со истите луѓе, – изјавил Филип Диало за „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни