Поврзете се со нас

Италија

Првиот човек на Фиорентина: Кој направи добар бизнис? Јувентус го продаде Киеза…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/LFC

Претседателот на калчолигашот Фиорентина, Роко Комисо даде интересна изјава во која меѓу редови ги „поздрави“ сите оние кои го критикуваа како своевремено го продаде Федерико Киеза во редовите на Јувентус.

Познато е ривалството меѓу Фиренца и Торино, но „виолетовите“ во последно време продаваат многу играчи на Јувентус како на пример Киеза, Душан Влаховиќ и ова лето Нико Гонзалес.

Комисо не жали за тоа особено ако се земе предвиде дека за Киеза заработи 60 милиони евра, а летово старата дама се ослободи од напаѓачот за сума од 12-15 милиони евра.

-Па, што да правам ако Јувентус е единствениот тим што доаѓа со пари? Направивме одлична зделка со Влаховиќ, најважната во моите пет години. И погледнете го Киеза: Прочитав дека премина во Ливерпул за 12 милиони евра. Го продадов за речиси 60 милиони евра. Кој направи добар бизнис таму, другите или Роко?, -порача Комисо за „Газета Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни