Поврзете се со нас

Репрезентација

Првиот човек на ФФМ го најави новиот селектор на репрезентацијата доколку не се договорат со Мрме

Објавено

на

Во фудбалската јавност во Македонија деновиве на големо се зборува за иднината на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски Мрме.

Договорот на селекторот чие име со златни букви ќе остане испишано во историјата на македонскиот фудбал истекува на крајот на оваа календарска година, а од ФФМ најавија дека со него ќе разговараат по новогодишните празници на кои ќе бараат заеднички јазик за продолжување на соработката.

По целата оваа ситуација и појавувањето на разноразни шпекулации во јавноста, во интервју за „Алсат“ говореше и претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Сејдини истакна дека Ангеловски е првиот избор на федерацијата и со него ќе се седне за да се разговара, а доколку не се договорат, Сејдини меѓу редови најави кој ќе биде следниот селектор на Македонија.

-Прво ќе разговараме со Игор Ангеловски, а потоа ќе ги разгледаме другите варијанти. Имаше доста шпекулации, имаше за Просинечки, ќе излезат и други, но нека знае јавноста дека најпрво ќе разговараме со Игор Ангеловски и доколку не се согласиме тогаш ќе продолжиме со други разговори- изјави претседателот на ФФМ, а потоа го најави и можниот наслендик на Ангеловски.

– Не сакам да шпекулирам, но целата јавност знае дека ако не е Игор Ангеловски, кој ќе биде, -изјави Мухамед Сејдини веројатно алудирајќи на Благоја Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни