Италија
Првиот човек на Џенова со јасен став: Ако Серија А се прекине ќе настане апокалиптично сценарио
Се уште не е познато дали првенството на Апенинскиот полуостров ќе продолжи или истото ќе биде прекинато.
Јавноста во Италија е поделена по ова прашање, но јасно е дека повеќето сакаат Серија А да продолжи и на терен да се добијат одговори на прашањата кој ќе стане шампион, кој ќе оди во Европа и кој ќе испадне од лигата.
Првиот човек на Џенова, Енрико Прециози смета дека прекинување на првенството би било катастрофална одлука која не би била добредојдена за никого.
– Ако лигата биде прекината на сцена ќе стапи апокалиптично сценарио. Таквата одлука би ги уништила сите планови на фудбалските работници. Уште чекаме да видиме што ќе одлучат ТВ куќите. Џеноа со откажувањето би изгубила меѓу 20 и 30 милиони евра и тоа дури не е ни точен податок. Постои проблем околу сезонските карти, ќе настане целосна катастрофа, -изјави Прециози во интервју за „РАИ“.
Дел од тимовите од Серија А веќе започнаа со индивидуални тренинзи и се во исчекување на конечната одлука дали првенството ќе продолжи.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)