НБА
Првиот човек на Далас конечно се огласи за сензационалниот трејд и ја доведе во прашање работната етика на Дончиќ

Далас направи историски трејд и реши да се откаже од Лука Дончиќ без да побара дозвола за такво нешто од Словенецот, па иако ова предизвика огромен револт меѓу навивачите на тимот од Тексас, првиот човек на франшизата сега вели дека одлуката е донесена за доброто на Маверикс.
Сопственикот Патрик Думонт конечно го прекина молкот и даде прва изјава за сензационалниот премин на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс, а ако се суди според зборовите кои ги употреби, тој нема воопшто добро мислење за работната етика на Лука.
– Тимовите во НБА победуваат само поради тоа што се фокусирани и само кога го имаат вистинскиот карактер. Тимот победува со посветени играчи, со играчи кои работат напорно за да допринесат за шампионски исход. Ако не го правите тоа, на крајот стигнува пораз, – вели Думонт во интервјуто за „Далас Морнинг“.
Во визијата на сопственикот на Далас, Дончиќ не го поседувал тоа што е карактеристика за најголемите НБА ѕвезди, па затоа решил да се ослободи од играчот врз кој се градеше цел проект во изминатите години.
– Ако ги погледнете великаните на кошарката, играчите со кои пораснавме, сите работеа напорно. Џордан, Брд, Коби, Шек, сите работеа напорно секој ден, со единствен фокус да остварат победа. Ако го немате тоа, нема ниту резултати. Ако го немате тоа, не би требало да бидете дел од Далас. Јас сум непоколеблив во вакви ситуации, таков сум и во работата надвор од кошарката. Ако сакате да земате често одмор, тогаш нема место за вас во Далас, – додава сопственикот на Маверикс.
-
Формула 113 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија22 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Шпанија12 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Шпанија9 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Балкан22 часа
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)
-
Македонија8 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани