Поврзете се со нас

Германија

Првиот човек на Бундеслигата: Ако Халанд е толку добар, тогаш зошто е во Дортмунд?

Објавено

на

Првиот човек на Бундеслигата, извршниот директор Кристијан Зајферт даде една интересна изјава за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Младиот Халанд од месец јануари е член на „милионерите“, но иако во новата средина е многу кратко време покажа, потврди дека е гол машина и играч кој е иднината на светскиот фудбал. Поради ваквите настапи се појавија информации, шпекулации дека веќе по крајот на актуелнава сезона може да си замине од Дортмунд, а токму на оваа тема чуден коментар имаше Зајферт.

-Секој голем играч кога ќе си замине е загуба, ама ќе ве прашам: ако е толку добар, зошто тој игра за Дортмунд? -истакнал Зајферт кој мораше да се дообјасни.

-Сега е лесно да се восхитувате на играч кој веќе е во фокусот на светското внимание. Тешко е да го потпишете пред тоа да се случи. Дортмунд го стори тоа, повторно правејќи одлична работа.

-Фудбалот е колективен спорт, не е како кошарка. Ла Лига ги имаше двајцата најдобри играчи на светот една деценија, што никогаш не се случило. Тоа беше успех за нив, но јас сум среќен со нашиот напредок во Германија, -порача кристијан за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни