Поврзете се со нас

Германија

Првиот човек на Баерн: Не знам како ПСЖ се придржува до правилата за ФФП

Објавено

на

Тимот на Пари Сен Жермен направи големи трансфери во овој преоден рок, ангажираше големи ѕвезди и многумина се изненадени како клубот од француската престолнина со сите тие потези успева да го не препрши финанискиот фер плеј.

„Светците“ ги доведоа Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, играчи од висок калибар, играчи репрезенаттивци на своите земји.

Од нив ПСЖ само мораше да го плати Хакими, но секако за сите од нив мора да издвои значителни средста за плати, па на оваа тема свој коментар имаше претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.

-Се уште се обидувам да разберам како овие трансфери минуваат низ финансиот фер-плеј. ПСЖ се засилува и ние внимателно ќе ги погледнеме правилата на УЕФА за тоа прашање.

– Ние се држиме до нив и го очекуваме истото од другите тимови. Нема набрзина да го осудам ПСЖ, но тие многу купија. Не станува збор за надомест, туку за плати. Кога слушам дека Меси заработува 40 милиони, тоа се 80 милиони со даноци. Тука се и Хакими, Рамос, Донарума, рече Хајнер за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни