Поврзете се со нас

Германија

Првиот човек на Баерн ги коментираше шпекулациите за ангажман на нов напаѓач и порача: Нема шанси да си оди

Објавено

на

Медиумите во Германија веќе неколку денови со ред пренесуваа сензационалистички најави според кои најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ќе направи трансфер во редовите на Челси.

Полјакот по евентуалниот трансфер би бил заменет од страна на Тимо Вернер кој не се снајде баш во Челси, а се шпекулираше и за тешко остварлив трансфер на Ерлинг Халанд, играч кој е во медиумите од самиот почеток на трансфер периодот.

Сепак, Херберт Хајнер потврди дека во ваквите шпекулации нема никаква вистина и посочи дека Левандовски нема шанси да потпише за Челси.

– Роберт Левандовски ќе ира за Баерн до јуни 2023 година. Тој има договор и сигурно останува, а дополнително ние не сме во потрага по нов напаѓач, -јасен беше Хајнер.

Инаку, од почетокот на преодниот рок Челси постојано се поврзува со некое напаѓачко име, но како што стојат работите тие до почетокот на сезоната нема да ангажираат нов офанзивец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни