Поврзете се со нас

АТП

Првиот човек на Аустралијан Опен откри со каква повреда Новак го освоил турнирот: Ја видов неговата снимка!

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ во неделата направи историски успех и по јубилеен 10-ти пат ја освои титулата на Аустралијан Опен, откако не му даде никаква шанса и на Стефанос Циципас во своето десетто финале кое го одигра на „Род Лејвер“.

Србинот едноставно е непобедлив во завршните мечеви во Мелбурн парк и демонстрираше дека е апсолутен крал на првиот грен слем турнирот во годината, но овогодинешното достигнување има многу поголемо значење поради повеќе причини.

Прво и основно поради цела драма која ја доживеа со депортацијата од Мелбурн пред една година, потоа поради неизвесноста дали воопшто ќе добие зелено светло за влез и оваа година, а на крај и поради повредата која ја влечеше во добар дел од турнирот, а за која многумина велеа дека ја лажира.

Сега со изјава на оваа тема излезе главниот директор и прв човек на Аустралијан Опен, Крег Тајли.

– Новак надмина голем број предизвици оваа година, а еден од нив е и лошиот третман. Сепак, на крајот од денот, никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам и професионалност.

– Овој човек имаше пукнатина од три сантиметри на неговата задна ложа и продолжи да игра. Тоа е вистината, го видов тоа со мој очи. Ја видов неговата снимка и имаше пукнатина од три сантиметри. Докторите можат да ви ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации дали е повреден, или не. Знам дека е тешко да се поверува како го прават играчите ова со такви повреди, но тој е извонреден професионалец, се справи со сите потешкотии, – открива Тајли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни