Поврзете се со нас

Шпанија

Првиот човек на Атлетико го прекина молкот: Сонот ни беше урнат поради една застрашувачка алатка

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико Мадрид како клуб не ја криеше својата фрустрација од начинот на кој беше елиминиран во Лигата на шампиони, бидејќи клубот од „Метрполитано“ не остана убеден од ниту еден доказ кој беше пренесен од страна на светските телевизии и УЕФА.

Спорниот пенал на Хулијан Алварез остана сомнителен и покрај сите видеа кои беа пренесени во јавноста, а од Атлетико се убедени дека биле максимално оштетени во дадената ситуација, особено поради фактот што во УЕФА веќе размислуваат за промена на правилото за „двоен контакт“.

Диего Симеоне во три наврати го искажа своето незадоволство од сценариото во пенал рулетот, но денеска со прво обраќање се јави и првиот човек на клубот, Енрике Серезо.

– До средата вечерта бевме во игра во сите три големи натпреварувања: Лигата на шампиони, Кола дел Реј и Ла Лига. Но, тој ден, поради инцидент со еден уред, со еден систем кој за мене е застрашувачка алатка, ни се урна нашиот најголем сон, а тоа беше да останеме во Лигата на шампиони. Алатката која е застрашувачка и која не служи за ништо освен да им наштети на тимовите, за жал се нарекува ВАР……

– Никогаш не ми се допаѓал ВАР, не го велам тоа првпат, отсекогаш сум го велел истото. ВАР е конфликтна алатка, која не дава реална слика и која не е безбедна за фудбалот. Сите верувавме дека ВАР се воведе за да го направи фудбалот поправеден, но сега верувам дека фудбалот е понеправеден, сега проблемите се уште поголеми за судиите.

– Колку и да зборуваме и да се жалиме, резултатот од натпреварот нема да се промени. Мора да продолжиме напред, веќе вечерва играме голем натпревар против Барселона во Ла Лига. За две недели отсега, играме нов натпревар против Барселона во Купот и ќе видиме дали ќе успееме да се пласираме во финалето. Треба да се насочиме кон тоа, – порачува Серезо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни