Шпанија
Првиот човек на Атлетик со критики за Барселона: Ова носи негативни поени за фудбалот
Барселона вчера го совлада Атлетик Билбао и обезбеди финале во шпанскиот Суперкуп, но една информација која пристигна во пресрет на натпреварот донесе многу реакции во шпанската фудбалска јавност.
Иако, Каталонците не успеаја да ги регистрираат Дани Олмо и Пау Виктор според правилата на Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација, Барселона успеа да добие привремена забрана на таа одлука од страна на највисокиот спортски суд во земјата.
Тоа значи дека Олмо и Виктор ќе бидат во конкуренција за финалето, а фудбалските авторитети во земјата ќе мора да го докажуваат својот правичен став во наредниот период. Поради ваквото сценарио, уште пред вчерашното полуфинале реагирал и претседателот на Атлетик, Јон Уриарте.
– Се работи за привремена мерка донесена од политички субјект, па лигата и федерацијата ќе треба да ја бранат својата одлука.
– По само осум дена во новата година веќе се соочуваме со неверојатна ситуација, направивме толку напори за да играме далеку од дома, а ни се случува вакво нешто.
– Ситуација како оваа не смее да се случи бидејќи носи само негативни поени за фудбалот, – рекол Уриарте.
-
Англија9 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија11 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија15 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Репрезентација4 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија16 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)
-
Англија14 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите