Лига на шампиони
Првиот човек на Аталанта со сериозни обвинувања: Лесно е да се заклучи зошто загубивме од Реал!

Аталанта многу добро се носеше против Реал Мадрид и со играч помалку на теренот цели 75 минути, но сепак на крајот претрпе минимален пораз и со неповолен резултат ќе отпатува во шпанската престолнина на реванш осминафиналето во Лигата на шампионите.
Италијанскиот тим остана без Фројлер уште во 17-та минута, одлука која според многумина беше престрога од страна на главниот судија Штилер, но и од луѓето во ВАР собата кои одлучија да не реагираат и да останат на првичното решение.
Тренерот Гасперини распали по главниот судија и му препорача да си бара друга работа во ситуација кога актуелната не ја извршува како што треба, но доста поостар беше првиот човек на Аталанта кој сега излезе со сериозни обвиненија.
– Бев шокиран, почнав да се тресам кога видов дека судијата извади црвен картон. Мислев дека погреши со изборот и дека ќе додели само жолт картон, а потоа бев сигурен дека луѓето од ВАР ќе интервенираат и ќе го поништат исклучувањето. Бев максимално деконцентриран во тие моменти, тоа беше вистински срам и огромна неправда, по што лесно е да се заклучи зошто загубивме – вели Антонио Пераси за „Газета“.
– Добив впечаток, јасен впечаток дека станува збор за намерно фаворизирање на најважниот клуб во Лигата на шампионите, клубот што има најважна историја во ова натпреварување. Всушност, тоа не беше впечаток, тоа на крајот стана заклучок. Да беше само една одлука, ќе беше впечаток, но судијата направи толку грешки, што морав да ги запишувам. Еве едно прашање. Зошто Касемиро не доби црвен картон? , – прашува претседателот на Аталанта.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Англијапред 24 часа
Фудбалерите го креваат гласот: Хендерсон ќе ги собере сите капитени и ќе ги обедини против Супер лигата
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Светпред 11 часа
Румениге му одржа лекција на Перез како најголем поборник на Супер лигата