Поврзете се со нас

Англија

Првиот човек на Астон Вила со загрижувачки информации: Не сме ни блиску до пронаоѓање на формулата за продолжување

Објавено

на

Астон Вила е еден од тимовите кои притискаат сезоната да се заврши и со тоа да биде избегната борбата за опстанок која им претстои во следните девет кола.

Извршниот директор на клубот од Бирмингем, Кристијан Парслоу смета дека Премиер лигата не е ни блиску до пронаоѓање формула според која ќе се комплетира сезоната.

– Секако мора да ги гледам интересите на мојот клуб, но должност на 20-те клубови од Премиер лигата е да се најде формула која според мене не е ни блиску до пронаоѓање. И да се најде, истата нема да е перфектна, но ќе го врати фудбалот за да се заврши сезоната.

– Тоа се многу важни проблеми, луѓето мора да видат дека ни требаат 20 клубови кои мора да бидат среќни и тоа е работата која ни треба во ово момент,- изјави Парслоу.

Сезоната во Франција е прекината, додека германците очекуваат Бундеслигата да продолжи во втората половина на мај.

Во Англија и Италија ситуацијата се уште е крајно неизвесна, а според многумина шансите за првенството да продолжи или да се откаже се 50-50.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни