Поврзете се со нас

Европски првенства

Првиот човек на албанската федерација: Во фудбалот нема место за испади како тој на Даку

Објавено

на

Фото: https://fshf.org

Албанската фудбалска репрезентација го заврши настапот на ЕП во Германија со поразот од Шпанија, а федерацијата на нашиот западен сосед ќе мора да и исплати на УЕФА солидна сума, поради казните заработени за испадите на навивачите на турнирот.

Еден од моментите кои предизвикаа бурна реакција, посебно во Македонија, беше потегот на репрезентативецот Мирлинд Даку, кој славејќи го бодот против Хрватска реши да испрати навредливи зборови и на сметка на Македонија и Србија.

Даку доби два натпревара суспензија и не беше во комбинација за дуелот со Шпанија, а неговиот потег предизвика и реакција кај првиот човек на федерацијата, Арманд Дука. Тој истакнал дека Даку направил нешто што не треба да се толерира во фудбалот.

– Фудбалот е игра, најубавата игра во светот, затоа и се неприфатливи ваквите испади кои дојдоа од навивачите на балканските земји.

– Кои и да се, Албанци или Срби, нема да дозволиме да ја користат играта за други интереси или за промовирање емоции кои не се поврзани со фудбалот.

– Фудбалот треба да создава пријатели, а не непријатели, затоа не смееме да дозволиме националистички или расистички пароли, – изјавил Дука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни