Поврзете се со нас

Лига Европа

Првиот човек на Ајнтрахт ги разбесни фановите на Севилја: Финале на Мики Маус стадион

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Над 100 илјади германски фанови вчера беа низ улиците во Севилја, но уште најмалку толку останаа во Франкфурт и мораа да го гледаат финалето преку видео бим, од еднсотавна причина што стадионот во Шпанија се покажа како премал за таква толпа.

Реално гледано, ниту еден стадион во светот немаше да може да ја собере „белата армија“ навивачи од Франкфурт, но сепак, првиот човек на клубот остана разочаран од фактот што домаќин на финалето беше стадион со доста скромен капацитет.

Навивачите на Ајнтрахт и Ренџерс добија само по 10 илјади билети за финалето, а вкупниот капаците на „Рамон Санчес Писхуан“ е 43 илјади гледачи, што доволно говори дека многу Германци останаа разочарани што не дојдоа до толку посакуваниот билет.

Ајнтрахт по пауза од 42 години стигна до својата прва европска титула откако славеше во финалето во пенал рулетот, но газдата на германскиот клуб испрати и една провокација која сигурно нема да му ја простат навивачите на Севилја.

– 200 илјади фанови на Ајнтрахт сакаа да бидат тука, но дури 190 илјади останаа тажни и разочарани зошто се игра финале на Мики Маус стадион, – изјави Петер Фишер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни