Поврзете се со нас

Франција

Први жестоки критики во Франција: Меси венее, главата се почесто му е наведната!

Објавено

на

Лионел Меси нема по добро да го памети своето деби на „Паркот на принцовите“, а по истото, ги доби и првите жестоки критики во Франција, и тоа од еден од највлијателните весници во оваа земја.

Медиумот кој е тесно поврзан со случувањата во ПСЖ, „Ле Паризен“ ги испрати првите „отровни стрели“ кон аргентинската ѕвезда, која имаше скромно издание против Лион, но истовремено предизвика и два моменти кои отворија голема дебата во јавноста.

Меси беше очигледно лут кога беше изваден од игра од Маурисио Покетино, а потоа во 92-та минута, воопшто не се израдува на победничкит гол кој го постигна Мауро Икарди во големото дерби.

– Меси изгледа како да почнува да венее, нема свежина. Главата се почесто му е наведната, оди по теренот и нема влијание во играта како што се очекуваше. Овој тим нема креативност за да ги исполни индивидуалните квалитети на своите фудбалери, – вели „Ле Паризен“ во својата официјална критика која ја проследи и преку електронски и печатен пат.

Како надополнување, истиот овој извор открива дека Меси и Покетино немале никаков проблем по натпреварот во неделата, бидејќи вчера пристигнале прегрнати на тренингот и пријателски разговарале во тренинг центарот на „светците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни