Поврзете се со нас

Мото ГП

Први информации: Состојбата на Дупаскје е критична, младиот возач се бори за живот (Видео)

Објавено

на

Резултатите од квалификациите за Големата Награда на Италија остануваа во втор план и неколку часа по крајот на истите, од едноставна причина што еден млад возач се бори за својот живот по ужасниот инцидент кој го имаше во Мото 3.

Џејсон Дупаскје загуби контрола на својот мотоцикл и беше прегазен од страна на Сасаки, страшен инцидент поради кој 19-годишниот Швајцарец мораше итно да биде евакуиран со хеликоптер и да биде пренесен во најблиската болница во Фиренца.

Хорор сцена на Муџело: Дупаски остана да лежи на асфалтот, фановите се молат за младиот возач (Видео)

Фабио Квартарато му испрати поддршка и му ја посвети пол-позицијата со поставен рекорд на Муџело на својот помлад колега, чија состојба е навистина сериозна. Неколку часа по инцидентот, пристигнаа први информации за неговата моментална состојба, за која не може да се даде никакво предвидување.

Шефот на докторскиот тим на ФИМ (светска мотоциклистичка Федерација) ги потврди информациите дека младиот Дупаскје е во критична состојба, бидејќи во болницата бил пренесен со оток на мозокот и тешки повреди на градниот кош.

– Инцидентот беше навистина сериозен. Цел медицински тим на ФИМ работеше напорно за да го стабилизира Дупаскје, по што беше одведен во болницата во Фиренца. Чекаме позитивни вести од операцијата. Повредите се навистина сериозни, – изјави Џанкарло Ди Филипо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни