Поврзете се со нас

Шпанија

Први импресии од Валдебебас: Реал Мадрид немал вакво нешто 14 години! (Видео)

Објавено

на

Давид Алаба пристигна во Реал Мадрид како природна замена за Серхио Рамос кој се пресели во ПСЖ, а клубот побара од новото засилување да го наследи и бројот на капитенот.

Австрискиот репрезентативец позираше со „4-та“ на промоцијата во „кралскиот клуб“ и нагласи дека решил да го прифати барањето на водечките луѓе околу изборот на бројот на дресот, а според сториите кои пристигнуваат од шпанската престолнина по првите негови тренинзи во Валдебебас, Карло Анчелоти и соиграчите се воодушевени од квалитетот на Давид.

Алаба може да одговори на неколку позиции на теренот и негова најголема предност е може да игра како стопер, лев бек и играч за врска, но дефинитивно, во Шпанија ќе претставува и закана за противничките голмани со оглед на одличниот шут.

Дефанзивецот во Баерн Минхен често знаеше да го испроба успешно шутот од слободен удар, а по последниот тренинг на кој вежбаше слободни, угледниот мадридски „АС“ си зема за право да донесе силен заклучок.

– Реал Мадрид немал ваков фудбалер 14 години, немал ваков левоног изведувач на слободни по Роберто Карлос…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни