Поврзете се со нас

Италија

Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Составот на Јувентус избори победа над Лече од 1-0 во првата средба од 6. коло во италијанската Серија А.

„Старата дама“ не се прослави минатиов викенд и токму поради тоа се освен триумф на вечерашниот меч ќе беше неуспех, нов удар. Меѓутоа избраниците на Алегри не дозволија такво сценарио и дојдоа до четвртото сезонско славје со кое сега се на второто место на прволигашката табела.

Клучниот момент на дуелот во Торино се случи во 57 минута кога Милик се најде на вистинското место и со својот првенец во натпреварувачкаат 2023/2024 донесе радост за домашните фанови.

Во следната рунда Јуве има тешко гостување во Бергамо кај Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни