Првенче на Пандев за голема победа на Џенова (Видео)

pandev radost

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев донесе три големи бода за Џенова на вечерашното гостување кај Верона во последниот меч од 15. коло во Серија А.

Нашиот искусен фудбалер беше стрелец на единствениот гол на „Бентегоди“ и тоа во првиот дел во самата завршница кога успеа да го пронајде патот до мрежата на голманот Николас. Ова за струмичанецот беше прв сезонски погодок во Калчото со што најави уште подобри партии во дресот на оваа екипа.

Тој го напушти теренот во 64 минута, но претходно имаше и брилијантна асистенција до Ригони кој излезе очи во очи со домашниот голман, но таа шанса не ја реализира и резултатот остана непроменет. Џенова со 13 освоени бодови е на 15 место на првенствената табела.

Facebook Коментари