Поврзете се со нас

Италија

Првата судијка во Серија А: Навивачите одлично ме дочекаа, ова беше вистински празник

Објавено

на

Овој викенд беше испиша историја во Серија А, а причината за тоа беше Марија Соле Фериери Капути која стана прва жена која судела меч во најсилната италијанска конкуренција.

Таа беше главна на средбата меѓу Сасуоло и Салернитана која заврши со убедлив триумф на домаќините од 5-0.

-Судија или судијка – вие изберете за мене тоа не прави разлика. Од оваа рунда ќе му остане емоцијата што ја чувствува секој судија кога ќе дебитира, а тоа е нешто за што сонувам 16 години. Беше многу убаво. Атмосферата на стадионот беше добра, навивачите одлично ме дочекаа и беше вистински празник, -искоментира Фериери Капути по одработениот натпревар.

Задоволен од тоа како Марија си ја заврши работата беше првиот човек на италијанските фудбалски судии Џанлука Роки.

-Добро се снајде како што се надевам дека ќе направат и другите жени кои се блиску до дебитирање. Таа сега ќе замине во Индија на турнир со селекцијата до 17 години. Потоа повторно ќе ја видиме во Серија А.

-Зборувањето многу за арбитражата на Марија Соле Фериери Капути ќе и создаде голема тензија што во моментов не е добро. Кога фудбалерите би биле порелаксирани со судијките, би именувал 10 дами за натпреварите во Серија А. Ама се плашам дека по првите 2-3 натпревари и одлуките на Фериери Капути ќе бидат оспорувани како и со другите судии, -порача Роки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни