Првата шанса за одбрана на титулата доаѓа во Мостар!

Photographer Credit:
Predrag Vuckovic/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Predrag Vuckovic/Red Bull Content Pool

Додека Ријана Ифланд (Австралија) и Гери Хант (Велика Британија) можат да ја осигураат победата во генералниот пласман на шестата станица од светското натпреварување Red Bull Cliff Diving за 2019 година, со скоковите од историскиот Стари Мост во Босна и Херцеговина ќе се вжешти и битката за квалификации во шампионатот за 2020 година, како во машка, така и во женска конкуренција.

Кога елитата на скокачи од карпи ќе се врати на историскиот Стари Мост во Мостар, кој е претпоследна станица, на 24 август, сцената е поставена за уште поисториски настани да се додадат на оваа предизвикувачка локација. По сензационалната сезона со многу рекорди досега за Англичанецот Гери Хант и Ријана Ифланд од Австралија, актуелните шампиони веќе се со едната рака на „Трофејот Крал Кахекили“ и ќе ја заокружат борбата за титулата со уште еден силен приказ на местото каде што нуркањето датира од пред многу векови. За тие што сакаат да се квалификуваат за светското натпреварување Red Bull Cliff Diving 2020, битката станува се потешка, зашто само најдобрите четири девојки од платформата на 21 метар, како и најдобрите момци од платформата на 27 метри, автоматски добиваат сигурно место во шампионатот за идната година.

Откако Хант изведе совршено нуркање во Бејрут, Либан, и стана првиот маж кој ги доби сите десетки од судиите од воведувањето на ова светско натпреварување во 2009 година, очекувањата од брилијатниот Британец сега се уште поголеми. Триесет и пет годишниот спротист победи на Светското првенство за скокови од височина на ФИНА во Јужна Кореја и може да ја обезбеди својата осма по ред титула во генерален пласман ако освои трета последователна победа во Мостар.

Додека поранешниот шампион Џонатан Паредес (Мексико), победник на премиерните скокови во Мостар во 2015 година, е на прилично безбедно место како втор во генералниот пласман, Американецот Енди Џонс и Михал Навратил од Чешката република не смеат да потфрлат во Мостар, освен ако не сакаат да му направат пат на силниот квартет кој сака да го освои ова решавачко четврто место.

Нив ги бркаат двајцата Американци, Дејвид Колтури и Стивен ЛоБуе, како и освојувачот на бронзен олимписки медал Олексиј Пригоров од Украина, додека се уште има мала шанса и за Романецот со вајлд-карта Каталин Преда, кој за првпат се искачи на подиумот токму на неговото премиерно појавување на светското натпреварување од Стари Мост во 2018 година. Ако неговиот земјак Константин Поповичи, кој се врати на 27-метарската платформа по повреда, може да продолжи каде што застана, тој уште еднаш ќе го „зачини“ натпреварот во машка конкуренција.

 

Подеднакво е „тесно“ и во женска конкуренција кога станува збор за осигурување на место во сезона 2020. Зад се уште непобедената шампионка од 21-метарската платформа Ифланд, Белорусинката Јана Несцијарева и Британката Џесика Маколи, како и Лизен Ричардс од Канада се на првите четири места пред крајот на актуелната сезона.

Досега, сезоната 2019 беше совршена за австралиската ѕвезда на нуркањето од карпи Ифланд, со победи на секое натпреварување. Но на доаѓањето во Мостар, 27-годишната спортистка има недовршена работа затоа што не успеала да се избори за победа од Стариот мост на двата досегашни настапи. Дали таа ќе ги надмине дополните предизвици на нунркање од мост или некоја од другите спортиски ќе успее да направи победнички скок?

Сите очи исто така ќе бидат вперени на американската девојка Еленор Таунсенд Смарт, и досега најмладата женска нуркачка, Мариа Паула Кинтеро. Колумбијката го освои второто место во Италија и сега е на седмата позиција во генералниот пласман, зад нејзината американска конкурентка. Со добар настап тие можат да го зголемат притисокот на првите четири, за победата на денот, како и во генералниот пласман.

Уште од 17-тиот век, натпреварувачкото скокање од мост е долгогодишна традиција во Мостар, а кога нуркачите од карпи доаѓаат на овој историски мост од само еден лак, локалните жители ги знаат сите нивни имиња. 24 елитни нуркачи од карпи – мажи и жени – ќе нурнат во потрага по слава, поени и вечност од локалниот Стар мост.

Следете го директниот пренос преку веб страната www.redbullcliffdiving.com со почеток од 14.30 часот по средноевропско време.

Натпреварувачи со вајлд-карта (мажи, жени): Алесандро Де Росе (Италија), Каталин Преда (Романија), Серџо Гузман (Мексико), Славик Колесников (Украина), Виктар Маслуски (Бугарија), Антонина Вишјиванова (Украина), Џеневив Бредли (САД), Ајрис Шмидбауер (Германија), Жаклин Валенте (Бразил), Марија Паула Кинтеро (Колумбија).

ПЛАСМАН по 5 од 7 натпревари (мажи): 1. Гери Хант (Велика Британија) 800 поени, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 460 поени, 3. Енди Џонс (САД), 380 поени, 4. Михал Навратил (Чешка) 370 поени, 5. Дејвид Колтури (САД), 310 поени.

Жени: 1. Ријана Ифланд (Австралија) 800 поени, 2. Јана Несцијарева (Белорусија), 460 поени, 3. Џесика Маколи (Велика Британија) 430 поени, 4. Лисејн Ричардс (Канада) 370 поени, 5. Адријана Хименез (Мексико) 340 поени.

Facebook Коментари