Првата сезонска битка му припадна на вицешампионот: „Соколите“ го освоија „Јане Сандански“

MZT-Karpos

Кошаркарите на Карпош Соколи го победија МЗТ Скопје со 85-83 во дерби натпреварот од првото коло во најсилниот македонски шампионат.

„Соколите“ го освоија „Јане Сандански“ благодарение на добрата игра во првиот дел во кој направија предност од 14 поени (47-33). МЗТ во продолжението се обидуваше да се закани, да го стигне противникот, ама не успеа да дојде до целосен пресврт.

На 1 минута и осум секунди до крајот избраниците на Тодоров со тројката на вечерва феноменалниот Трајковски дојдоа до само минус три (85-82), за да потоа преку истиот играч добијат шанса за израмнување, ама неговиот шут овој пат не заврши на кошот.

Во последната секунда Стојановски погоди едно од двете слободни фрлања и со тоа го постави конечниот резултат. Трајковски со 33 поени и 8 скокови беше прво име кај „металците“, додека победничкиот табор го предводеше капитенот Соколов со 19 кошеви, 3 скокови и 7 асистенции.

Facebook Коментари