Поврзете се со нас

Англија

Првата понуда е одбиена: Арсенал сака да го ангажира вториот најдобар стрелец во Примера

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Арсенал сака да ја засили напаѓачката линија во овој преоден рок, меѓутоа ќе мора да внимава кога се во прашање финансиите поради кои се откажа од членот на Брентфорд, Ајван Тони за кого „пчелите“ бараат голема сума на пари.

Токму поради ова „топчиите“ своето внимание го насочиле кон Шпанија и тоа кон играчот кој е втор стрелец во досегашниот дел во Примера, Борха Мајорал. Некогашниот талент на Хетафе има 12 голови зад своето име во кампањата, односно само Џуд Белингем е поефикасен од него со 13 погодоци.

Според „Сан“, клубот од северен Лондон понудил 22 милиони фунти, понуда која веднаш била одбиена од составот од Мадрид кој го проценува играчот на околу 40 милиони фунти.

Мајорал има 26 години и во досегашната кариера освен за Хетафе и Реал има играно и за Волфзбург, Леванте и Рома.

Тој има договор до 30 јуни 2027 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни