Поврзете се со нас

Македонија

Првата лига ќе започне на 3 октомври, федерацијата ќе ги плати тестовите за Ковид-19

Објавено

на

Во месец октомври ќе започне новата сезона во првата македонскат кошаркаска лига-ова е одлуката на Здружението на прволигаши, одлука која беше донесена на состанокот кој го водеше новиот претседател на истото Мери Ковачевска.

Ќе се одиграа 22 кола во првиот дел по што првопласираните шест екипи (со пренесени бодови од првиот дел) продолжуваат во Супер лигата, додека пак оние од 7. до 12 место ќе разигруваат во „плеј-аут“ лигата.

Воедно македонската кошарска федерација ќе ги покрие трошоците за тестирање од КОВИД-19, но не и котизацијата како што пред некое време побара актуелниот шампион МЗТ Скопје. Според соопштението на МКФ, клубовите се согласиле дека тоа е нивна обврска.

Доколку Агенцијата за Спорт и млади пак обезбеди посебни, наменски средства до федерацијата за котизација, истите ќе бидат распределени до сите екипи од прволигашката конкуренција. Првенството ќе се игра со топки од компанијата „Вилсон“.

Двојки за прво коло (3 октомври):

Академија ФМП – Гостивар
ТФТ – Куманово
Кожув – Пелистер
МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Вардар – Црн Дрим

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни