Првата конференција за развој на младинскот ракомет понуди свежи идеи

mukaetov kaevski konferencija 2017

Ракометната федерација на Македонија и претседателот Живко Мукаетов, заедно со Агенцијата за млади и спорт и директорот Дарко Каевски, денеска во Скопје иницираа голема дискусија за развој на младинскиот ракомет, повикувајќи ги сите структури инволвирани во спортот да дадат мислење и идеи за подобрување на ситуацијата.

Настанот привлече големо внимание од речиси стотина инсајдери во ракометот, ракометните клубови и школи, како и специјализирани спортски институции како Спортската Академија, Факултетот за физичко образование и Агенцијата за млади и спорт.

Дел од дискусиите беа во насока на подобрување на квалитетот на школското образование по прашање на спортот, инсистирајќи на тоа дека треба да се почитуваат програмите за работа и да се следат децата од страна на наставниците, бидејќи тоа е она што до сега давало резултати и најголем број репрезентативци се всушност оние ракометари кои биле кооптирани на таков начин.

Меѓу предлозите беа и оние за повеќе натпревари во младите категории, формирање на пионерска селекција бидејќи кадетската работи со деца над 16 години, како и зголемување на времетрањето на натпреварите за младите од 20 на 30 минути за полувреме. Поранешниот репрезентативец Наумче Мојсоски побара од големите клубови да не ангажираат деца од надворешноста во Скопје под 18-19 години, а Ванчо Димовски посочи дека треба да се стимулираат наставниците за дополнителни часови по ракомет во основните училишта.

Беа слушнати уште многу излагања и дискусии од Симе Симевски, Никола Матлиевски, Гино Стрезовски, Лефтер Бошковски, Ана Крстевска-Кајчевски и други кои исто така сугерираа решенија според сопствените наоѓања.

carchev matlievski simovski konf2017

vanco i naumce konferencija 2017

back shot konferencija 2017

sime simevski konferencija 2017

nikola matlievski konferencija 2017

gino elena zivko konferencija 2017

kaevski milosevski konf 2017

Facebook Коментари