Поврзете се со нас

НБА

Првата ѕвезда на Минесота за изданието на Јокиќ: Можам само да се смеам…

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Никола Јокиќ ги исфрустрира кошаркарите на Минесота и пред најдобриот дефанзивец во лигата, Руди Гобер, па со своето МВП издание донесе трета победа за Денвер во дуелите со „волците“ во конференциското полуфинале во НБА плејофот.

Српскиот центар постигна 40 поени и на тоа додаде 13 асистенции и 7 скокови, а со своите поени и начин на реализација буквално ги излуде противничките играчи кои немаа решение за него.

Ентони Едвардс и овојпат остана во сенка на противничкиот центар, а по средба искрено ги искоментирал настапот на Јокиќ.

– Можам само да се смеам, не знам како поинаку да реагирам.

– Не можеме да се лутиме, тој е навистина одличен и тоа го кажувам по секој натпревар. Тој е МВП, најдобар играч во лигата, го покажа тоа на последните три натпревари и вечерва беше незадржлив. Мора да му честитаме, тој беше човекот на одлука, – рекол Едвардс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни