Поврзете се со нас

Македонија

Прва трка за Давидовски по една година пауза во ТЦР Европа и веднаш на Монца!

Објавено

на

Откако со големо задоцнување беше рестартирана сезоната на автомобилските трки по прекинот заради пандемијата, најсилното натпреварување на „стариот“ континент наречено ТЦР Европа, започна без македонскиот пилот Виктор Давидовски, бидејќи не му беше дозволен влез во Франција и Белгија.

Сепак, викендов Давидовски доби дозвола за влез во Италија и ќе биде дел од третата трка на овој шампионат која ќе се вози на легендарната патека Монца, крај Милано. Во негово отсуство, автомобилот Хонда Сивик му беше позајмен на Нестор Џиролами, кој со возилото на „ПСС Рејсинг“ стигна до 66 бода на првата гран при викенд возен на патеката „Пол Рикар“ во Франција, освојувајќи петто и второ место.

– Успехот на Џиролами е показател на потенцијалот со кој располагаме и секако е мој личен мотив да го повторам и надминам. Сепак, во пресрет на овој викенд ја примивме одлуката за подигнување на тежинскиот лимит на максимум и свесен сум дека дополнителните 90 килограми ќе влијаат на перформансите на возилото. Од друга страна, по речиси цела година апстиненција од трките мотивиран сум да го дадам максимумот од себе и се надевам дека на тој начин ќе ја елиминирам негативата за да стигнам до нови успеси,- порача Давидовски пред гран при викендот во Италија.

На квалификациите кои се одржаа во сабота претпладне, Давидовски ја освои 16. стартна позиција. Иако условите за возење беа подобри отколку силниот дожд кој ги одбележа петочните тренинзи, сепак недостатокот на време за подобро сетирање на возилото го зема својот данок. Првата трка на Монца се вози в сабота во 17 часот и 15 минути, а втората трка е на програмата в недела од 13 часот.

Трките можат да се следат и преку официјалниот YouTube канал на првенството ТЦР Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни