Поврзете се со нас

Франција

Прва реакција на Тухел за повредата на Мбапе: Сите сме загрижени, ова беше скапа победа

Објавено

на

Пари Сен Жермен беше подобар од Сент Етјен со 1-0 и по 13. пат во историја го подигна трофејот во Купот на Франција, но оваа победа дефинитивно остана во сенка на повредата на Килијан Мбапе.

Мбапе мораше да заменет уште во првиот дел по стартот на Перан, старт за кој капитенот на Сент Етјен доби црвен картон. Килијан со солзи во очите мораше да замине од теренот за да на крајот на патерици се врати на „Стад Де Франс“ и ја прослави победата, титулата на својата екипа.

-Да, победивме. Во финалето, тоа е најважно. Тоа беше комплицирано од неколку причини. Постојат многу работи што треба да се подобрат и анализираат. Тоа е добро. Но ова е скапа победа. На последните три натпревари против Сент Етјен, тие секогаш имаат црвен картон во првите 30 минути. Јас не ви кажувам што претходно е кажано во соблекувалната. Како дадаток, ние сме тие кои имавме три жолти картони, -истакна тренерот Томас Тухел кој даде прв коментар за повредата на Мбапе.

-Немам никакви вести во моментот. Сите би биле загрижени откако ќе ги видат сликите на повредата. Се разбира, јас сум загрижен сум, -рече Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни