Поврзете се со нас

Репрезентација

Прва радост за фудбалерките: Македонија ја реши Летонија во Рига

Објавено

на

Женската А репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификации за пласман на Светското првенство што во 2023 година се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Избраничките на Кирил Изов славеа над Летонија во Рига и тоа со убедливи 4-1. Ова беше средба во која нашите фудбалерки беа на повисоко ниво, покажаа повеќе на теренот, беа поконретно и заслужено ги освоија трите бода во овој циклус.

Капитенот Наташа Андонава беше двоен стрелец во 28 и 63 минута (пенал), а прецизни исто така беа Рочи и Максути. Единствениот погодок за домаќинките беше дело на Баличева во 30 минута.

Следниот меч за сениорките е против Луксембург на 26 октомври во Охрид што е уште една добра прилика за добра партија и нови три бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни