Англија
Прва премиерлигашка победа за Аморим во Јунајтед, Челси ја надигра Астон Вила (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед го преслуша Евертон со 4-0 за прва победа на Рубен Аморим во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ ги користеа шансите, постигнаа погодоци во вистинско време и дојдоа до 5. славје во шампионатот во 13.натпревар. Рашфорд и Зиркзе на асистенции на Фернандеш стрелаа во првото полувреме, веднаш на стартот на второто полувреме Маркус со својот втор зголеми на 3-0 за да потоа редот одново му дојде на Холанѓанецот за потврда на убедливиот триумф на „Олд Трафорд“. (ТУКА можат да се погледнат головите)
Челси полесно од очекувањата се справи со Астон Вила. Четата на Мареска триумфираше со 3-0 преку головите на Џексон, Фернандез и Палмер. „Сините“ сега со 25 бода се на делба на второто место на табелата со градскиот ривал Арсенал (ОВДЕ можете да ги погледнете погодоците)
Во третиот меч од истиот термин Тотенхем и Фулам ремизираа играјќи 1-1 со два гола постигнати во второто полувреме.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…