Поврзете се со нас

Формула 1

Прва пол-позиција за Норис, Хамилтон ќе стартува од вториот ред

Објавено

на

Ландо Норис ја освои пол-позицијата на патеката во Сочи и утре ќе стартува од првата позиција на Формула 1 тркат за Големата награда на Русија.

За Британецот ова е прва пол-позиција во неговата досегашна Формула 1 кариера, а за да стигне до неа му помогнаа и проблемите на Луис Хамилтон кој имаше контакт со заштитната ограда при влезот во бокс, па подоцна не успеа да го подобри своето време.

Возачот на Мекларен извозе најбрз круг во последната квалификациска рунда и зад себе го остави Карлос Саинц од Ферари, кој исто така имаше одличен настап и обезбеди место во првиот ред.

Задоволен од случувањата во квалификациите мора да биде и Џорџ Расел од Вилијамс, кој ќе ја стартува трката од третото место и пред идниот клупски колега Луис Хамилтон од Мерцедес.

Во првата десетка следуваат Рикиардо, Алонсо, Ботас, Строл, Перез и Окон.

Макс Ферстапен и Шарл Леклер правеа промена на погонската единица, па утре ќе стартуваат од последниот ред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни