Прва победа за Куманово во БИБЛ

kumanovo-bibl-89238923

Македонскиот претставник во БИБЛ, екипата на Куманово, вечерва пред своите навивачи го совлада тимот на Ибар со резултат 96:92.

Кумановци првото полувреме го добија со предност 49:45, а тие четири поени предност успеаја да ги задржат во следните дваесет минути за прва победа новата сезона на балканската кошаркарска лига. Дека првиот триумф не беше обезбеден лесно покажува и фактот што последните четириесеттина секунди започнаа со резултат 92:92, но завршницата му припадна на Куманово.

Караџовски и Јанески со по 22 поени биле најефикасни во редовите на нашиот претставник, додека кај Ибар, Калиќ, Андрејевиќ и Симиќ постигнале по 19 поени.

Facebook Коментари