Поврзете се со нас

Формула 1

Прва победа со Ферари: Хамилтон триумфираше на спринтот во Кина

Објавено

на

Луис Хамилтон одлично го започна гран при викендот во Кина, па по најбрзото време во квалификациите за спринтот, утринава успеа да победи и на овој дополнителен натпревар во рамките на вториот Формула 1 викенд од новата сезона.

Седумкратниот светски шампион стигна до прва победа како член на Ферари, а за него воопшто ова е и прва победа на спринт трките, откако се воведени во Ф1.

Истото важи и за тимот на Ферари, кој досега немаше ваков спринт резултат, а носи и сериозен оптимизам во однос на квалификациите и главната трка.

Хамилтон водеше од почеток до крај на спринтот и на крајот се најде на највисокото место на подиумот, додека зад него останаа Оскар Пјастри од Мекларен и Макс Ферстапен од Ред Бул.

Бодови од спринтот освоија уште и Расел, Леклер, Цунода, Антонели и Норис кој едвај извлече еден поен, иако претходно победи на првата трка во Мелбурн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни