Прва победа по три месеци: Победнички старт на Федерер на турнирот во Штутгарт (Видео)

federer

Швајцарскиот ас Рожер Федерер имаше посакуван победнички старт на АТП турнирот од серијата 250 кој се одржува во Штутгарт.

Федерер во својот прв меч по пауза од три месеци имаше проблеми во пресметката со Миша Зверев и мораше да игра три сета за да се најде во четвртфиналето. Имено домашниот рекет славеше во првиот сет со 6-3, но потоа на сцена стапи Рожер кој прво со 6-3 израмни на 1-1 за да во решавачката битка го збрише противникот со 6-2.

-Добро е што повторно победив, ги загубив последните два меча. Убаво е што овде имав свеж почеток, -порача Швајцарецот кој целосно ја пропушти сезоната на земја.

Facebook Коментари