Поврзете се со нас

Англија

Прва операција на Ретклиф: Ќе има „чистка“ на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок 

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Џим Ретклиф и официјално доби место во Манчестер Јунајтед, а како ко-сопственик ќе има огромна улога во сите потези на клубот и обидот истиот да се врати на победнички патеки.

„ЕСПН“ најавува дека токму во летниот преоден рок ќе ја видиме првата поголема операција, односно е најавена чиста на „Олд Трафорд“ се со цел да се соберат плус средства кои подоцна би биле искористени за топ засилувања.

Ќе се слушаат понуди за сите позајмени играчи како Санчо, Пелистри, Ван Де Бек, Вилијамс и Санчо, а неизвесна е иднината на доста фудбалери кои сега имаат своја улога во екипата како Ериксен Варан, Касемиро, Мегваер, Мектоминеј, Ван Бисака и Линделоф.

Главната цел на лето ќе бидат да се донесат напаѓач и дефанзивец, но исто така и да се зголеми квалитетот на составот.

Во меѓувреме Тен Хаг ќе треба да го искористи тоа што во моментов го има на располагање и да ја оствари минималната цел за оваа сезона, пласман кој носи место во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Ретклиф: Сити и Ливерпул се наши непријатели, сакам да ги…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни