Италија
Прва од топ 5 лигите во Европа: Серија А внесува голема ВАР иновација за новата сезона

Употребата на ВАР системот е дел од најдобрите лиги во Европа веќе пет години, но светските организации постојано работата на усовршување на технологијата и применувањето на истата.
И покрај тоа што најчесто се носат вистинските одлуки, ВАР не ги отстранува контроверзните ситуации во целост и се уште има некои несфатливи судиски потези, но за да се спречат било невкусни коментари за завери против одредени клубови, Италијанците сега одлучија да направат иновација со својот ВАР.
Серија А во новата сезона ќе биде единственото натпреварување во кое ВАР конверзацијата на судиите ќе биде јавно емитувана наредниот ден, односно ќе има снимен аудио материјал за најсомнителните одлуки и спорните ситуации.
– Аудио снимките за ВАР ќе бидат јавно достапни преку сервисот ДАЗН од стартот на новата натпреварувачка сезона. Започнавме иновативен проект со ДАЗН и ќе бидеме прва фудбалска федерација која со аудио ќе ги пренесе ситуациите за кои ќе има дискусија, – открива италијанскиот делегат на ВАР судии, Џанлука Роки.
Целта на проектот нема да биде да се пренесуваат и безначајните конверзации на судиите, туку само оние кои предизвикуваат бура од реакции во јавноста.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки