Поврзете се со нас

Мото ГП

Прва Мото ГП победа за Морбидели, Мир спречи италијански подиум

Објавено

на

Франко Морбидели стигна до својата прва Мото ГП победа и тоа на патеката Марко Симончели, со што стана четвртиот натпреварувач со дебитантска победа во елитната класа оваа сезона.

Италијанецот успеа со својата Јамаха да стигне до сигурна победа и се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал, оставајќи ги зад себе сонародникот Франческо Бањаја на Дукати и Жоан Мир на Сузуки.

Валентино Роси имаше добра можност да стигне до својот 200-ти подиум во кариерата, но во последниот круг не го издржа притисокот од Мир, со што Шпанецот спречи италијански пиедестал на Мизано.

Зад Роси, на петтото и шестото место се најдоа двајца Шпанци, односно Ринс и Вињалес, а до десеттото место се пласираа Довициозо, Накагами, Милер и П. Еспаргаро.

Фабио Квартараро кој добро ја започна сезоната, денеска не успеа да ја заврши трката, па му дозволи на Довициозо да го преземе водството во генералниот пласман.

Довициозо има 76 поени, шест повеќе од Квартараро, додека Милер е трет со 64 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни