Поврзете се со нас

НБА

Прва и втора петорка: Ова се десетте најдобри „новајлии“ во НБА лигата (ФОТО)

Објавено

на

Плејмејкерот на Мемфис Гризлис, Џа Морант ја предводи листата на најдобрите дебитанти за оваа сезона во НБА лигата.

Играчот кој ја понесе наградата за руки на годината доби максимален број на поени вкупно 200 од медиумите и новинарите и ја предводеше првата петорка на најквалитетни „новајлии“ во која се уште Кендрик Нан од Мајами Хит (198 поени), Брендон Кларк од Мемфис Гризлис (189), Зајон Вилијамсон од Њу Орлеанс Пеликанс (176) и членот на Голден Стејт Вориорс, Ерик Паскал (116 поени).

Со изборот на Морант и Кларк, екипата на Мемфис за првпат има повеќе играчи во најдобрата руки петорка во НБА од сезоната 2001-2002 кога беа избрани Пау Гасол и Шејн Батие. Нан пак е прв играч на Мајами по Мајкл Бизли во кампањата 2008-09 кој успеал да се најде во првата „петка“ на дебитанти.

Кога е пак во прашање вториот тим, втората петорка таму се најдоа Тајлер Хиро (Мајами Хит), Теренс Дејвис II (Торонто Репторс), Коби Вајт (Чикаго Булс), Пи-Џеј Вашингтон од Шарлот Хорнетс и Руи Хачимура од Вашингтон Визардс.

Изборот беше направен врз изборот на играчите во регуларниот дел заклучно со 11 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни