Поврзете се со нас

Италија

Прва голема операција на „Оуктри“: Барела стави потпис на нов договор и стана најплатен играч во Серија А (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Компанијата „Оуктри“ презема најголем дел од акциите во Интер откако Стивен Жанг не го исплати долгот кој го имаше кон оваа фирма, па сега Американците воспоставија свои правила и веќе назначија нов Борд на директори кој е предводен од Бепе Марота.

Новите газди го унапредија извршниот директор и Марота од неодамна е претседател на клубот, а поддрржан од новите луѓе кои пристигнаа во Милано, легендарниот оперативец ја заврши и првата голема зделка.

Интер денеска официјално соопшти дека му е продолжен договорот на Николо Барела, што всушност е потег со кој клубот задржува еден од најважните играчи при последните успеси на тимот.

Новиот италијански шампион реши да ја сподели оваа убава вест пред почетокот на Европското првенство, на кое Барела ќе настапи откако ја залечи малата повреда која ја имаше.

Играчот за врска стави потпис на петгодишен договор, а според истиот ќе биде најплатен играч во Серија А со фиксни 6,5 милиони евра, кои лесно можат да станат и 7 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни